3.9 C
Skopje
Friday, January 22, 2021

Уставните судии ќе ја чекаaт одлуката од Собранието, па ќе расправаат за амнестијата на Иванов

Најчитани вести

На предлог на судијата Осман Кадриу, Уставниот суд со мнозинство гласови одлучи да го одложи одлучувањето по Нацрт-решението за Законот за дополнување на Законот за помилување, за кој минатата недела поведе постапка.

За оваа точка уставните судии ќе расправаат на некоја од наредните седници. Предлогот за одложување на оваа точка го даде судијата Осман Кадриу, а причината е тоа што Парламентот води постапка за автентично толкување на членот 11, а и дека овој Закон за помилување има допирни точки со други постапки кои се водат пред Уставниот суд.

„Судот е известен дека пред Парламентот се води постапка за автентично толкување на овие членови од Законот за помилување“, рече Кадриу.

Поранешниот претседател на Македонија Ѓорге Иванов донесе одлука за аболиција на педесеттина лица во 2016 година, но по протестите и реакциите од меѓународната заедница ја повлече одлуката.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести