Излагања и крај по само два часа комисиска расправа за уставните измени,. 10-мина пратеници гласаа „за“ уставни измени, 7-мина „против“ со што уставните измени влегуваат и официјално на пленарна седница. Владата доби 15 денoви да го подготви текстот на нацрт амандманите. Премиерот Димитар Ковачевски од говорницата укажа дека измените не загрозуваат ниту едно идентитетско прашање и граѓаните не треба да се загрижени.
Опозицијата го повтори уште еднаш ставот, дека под бугарски диктат не треба да се носат измени во највисокиот државен и национален акт.
Од власта убедени дека измените во Уставот значат чекор поблизу до Европската унија.
Од Алијансата и Алтернатива потсетија дека не се задоволни од тоа што нивните амандмани не се прифатени во иницијативата за отворање на Уставот.
Владата доби 15 денови да го подготви текстот на нацрт амандманите. Пленарната седница на која пратениците ќе дискутираат за уставните седници е закажана за 18-ти август.