4.8 C
Skopje
Sunday, April 2, 2023

Уставниот суд го отфрли барањето на Антонијо Милошоски

Најчитани вести

Уставниот суд денеска го отфрли барањето на Антонијо Милошоски кој сметаше дека обвинението против него за случајот „Моќник“ е поднесено од политички причини бидејќи е во опозиција.

Милошоски бараше Уставниот суд да го процени неговото барање за заштита на слободи и права во однос на обвинението. Уставниот суд пак оцени дека „обвинителниот акт не претставува поединечен акт со кој се одлучува за поединечни слободи и права за граѓаните, односно за ограничување или одземање на одредени слободи и права гарантирани со Уставот“. Обвинието според Уставниот суд е поднесок, односно едностран процесуален акт кој е основа за водење на кривична постапка.

Предметот „Моќник“ беше отворен од поранешното Специјално јавно обвинителство и во него покрај Милошоски, обвинети се уште дванаесет лица, меѓу кои и таткото на Милошоски, ексградоначалникот на Македонски Брод, Милосим Војнески како и претседателот на некогашната Лустрациска комисија Томе Аџиев и деветмината нејзини членови.

Предметот се однесува за продажба на имот (зграда од 157 квадратни метри и дворно место од 3 920 квадратни метри) во село Ижишта, кој бил во сопственост на Општина Македонски Брод, а го користела Општина Пласница. Имотот бил продаден на таткото на пратеникот. Штетата што ѝ е направена на Општина Македонски Брод и на државниот буџет, според обвинителството, е околу 50 000 евра.

Најнови вести