Home » УСТАВНИОТ СУД ГО ОСПОРИ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ? Укинат е членот 12 со кој се предвидува 60 часа работа неделно

УСТАВНИОТ СУД ГО ОСПОРИ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ? Укинат е членот 12 со кој се предвидува 60 часа работа неделно

by Журнал.мк

Уставниот суд на денешната седница го укина членот 12 од Законот за утврдување стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Македонија.

Во членот 12 меѓу другото е предвидено дека „работното време на секој работник во текот на целиот циклус на Проектот може да биде во просек 60 часа неделно во текот на годината”.

Уставниот суд донесе одлука за укинување на оспорениот член бидејќи е во спротивност со темелната вредност владеење на правото предвидена во членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, како спротивен на членот 9 според кој граѓаните пред Уставот и законите се еднакви. Уставниот суд оцени дека со овој член се повредува правото на дневен и неделен одмор, односно дека е во спротивност со членот 32 став 4 од Уставот.

Согласно потпишаниот договор на Владата, посочените коридори е планирано да ги гради американско-турската корпорација Бехтел-Енка. Неизвесно е дали изведувачот ќе се согласи да продолжи според договореното, откако е укинат делот од догворот со работните часови на градежниците.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More