Home » Уставен ќе одлучува за „60 работни часови од Законот за номинирање стратешки партнер“

Уставен ќе одлучува за „60 работни часови од Законот за номинирање стратешки партнер“

by Журнал.мк

Уставниот суд на денешната седница ќе одлучува по поведената постапка за оценување на уставноста на член 12 од Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија.

На седницата, која се одржа на 29 март 2022 година, Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оспорената одредба поради сомнеж во уставноста и законитоста на членот 12, во кој меѓу другото е опфатено дека „работното време на секој работник во текот на целиот циклус на Проектот може да биде во просек 60 часа неделно во текот на годината”.

Подносители на иницијативите се Сојузот на синдикати на Македонија, СГИПРМ и Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ од Штип.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More