26.8 C
Skopje
Wednesday, June 16, 2021

Урнебесно! Кортни Кокс и Ед Ширан го одиграа славниот танц на Моника и Рос, Ед: Јас сум подобар

Најчитани вести

Иако на повеќето обожаватели им се допадна танцот, некои сепак го претпочитаа настапот на Рос од Пријатели. Ед и Кортни се дружат интензивно веќе некое време, но тие се само добри пријатели

Кортни Кокс (56) и Ед Ширан (30) го одиграа планетарно познатиот танц од Пријатели за време на нивното последно дружење, со кој Кортни Кокс и Дејвид Швимер (54) со години ја забавуваа публиката на Јутјуб. Пејачот потоа сподели видео од танцот на Инстаграм, а објавата собра над 5 милиони лајкови за само 15 часа.

„Јас сум очигледно подобар од Рос“, напиша Ед со видеото каде се обидува да го надмине Дејвид Швимер.

– „Само што го срушивте Интернетот“, „Ова е одлично“, „Најдоброто нешто што го видов денес“ – имаше низа комплименти од следбениците на двете sвезди бидејќи видеото наскоро го сподели и Кортни.

Но, додека на повеќето обожаватели им се допадна танцот, некои го претпочитаа настапот на Рос.

– Ова е скоро совршено; О Боже, не … – напишаа тие.

Ед и Кортни се дружат интензивно веќе некое време, но тие се само добри пријатели. Во 2013 година, актерката му го отстапи својот дом во Малибу на пејачот неколку месеци додека го снимаше албумот, а тврди тој, се чувствувал како дома во нејзината куќа.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести