13.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

УНХЦР предупредува на уште поголема хуманитарна криза во Авганистан

Најчитани вести

Високиот комесар на Обединетите нации за бегалци Филипо Гранди испрати остро предупедување дека додека илјадници бегалци го напуштаат Авганистан, „далеку поголема хуманитарна криза тукушто почнува“ за уништената од војна 39 милионска земја во која талибанците ја заземаа власта.

Во денешното соопштение Гранди го повторува барањето за границите да останат отворени и што можно повеќе земји да ја споделат „хуманитарната одговорност“ со Иран и Пакистан, земји во кои веќе се сместени 2,2 милиони авганистански бегалци.

Гранди додава и дека американското извлекување на странците и Авганистанците преку аеродромот во Кабул кое се одвива откако талибанците ја заземаа контролата и врз главниот град е прашање на денови кога ќе заврши, а дека трагедијата што се случи веќе нема да биде толку видлива.

“Но, таа сепак ќе биде секојдневна реалност за милиони Авганистанци. Не смееме да им свртиме грб“, додаде тој.

Неговото обраќање доаѓа ден откако агенцијата на ОН за децата УНИЦЕФ предупреди дека авганистанските деца се во поголем ризик од кога и да било. Од таму наведоа дека некои партнери веќе ја разгледуваат можноста за намалување на помошта за Авганистан што е многу загрижувачки и отвора важни прашања. Ако продолжат трендовите УНИЦЕФ предвидува дека милион деца под пет години во Авганистан ќе страдаат од тешка акутна неухранетост што е животозагрозувачка ситуација.

Во меѓувреме повеќе од четири милиони деца, меѓу кои 2,2 милиони девојчиња не се на училиште. Околу 300 000 деца се принудени да ги напуштат своите домови.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com