Над осум милиони украински бегалци пристигнале во европските земји од почетокот на руската инвазија врз Украина. Само минатата недела бројот на бегалци се зголемил за 8.766.
До 23-ти мај годинава, речиси три милиони побарале засолниште во Русија. Потоа следува Полска со над еден ипол милион бегалци, Германија со околу еден милион, Чешка 520 илјади.
Околу 5.200.000 бегалци се вклучени во националните програми за привремена заштита и поддршка.