Уништени две беспилотни летала во правец на Москва и уште 11 во близина на Крим-тврдат руското Министерство за одбрана. Ова е втор напад за два дена. Киев го обвини Кремељ за гранатирање на станбена зона во Запорожје. Зеленски најави дека Украина ќе добие системи за противвоздушна одбрана-Патриот од Германија.
„Руските терористи повторно го нападнаа Запорожје – погодија цивилни објекти, оштетија црква, станбена зграда. Има жртви и ранети. Но дојде и добра вест од Германија – токму она што го договоривме со германскиот канцелар Олаф Шолц. Ќе има дополнителни системи Патриот. Ова е неопходно за заштита на нашиот народ од рускиот терор“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Одлуката за евентуална средба меѓу Зеленски и Путин треба да ја донесе Киев-коментира Стејт департментот по предлогот на Обединетите Арапски Емирати за организирање средба на маргините на климатската конференција во Дубаи.