0.8 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

УНИШТЕНА луксузната куќа на Софија Вергера, вандалот тврди дека е нејзин СИН

Најчитани вести

Славната колумбиско-американска актерка Софија Вергара (48) и нејзиниот сопруг Џо Манганиело биле сведоци на прилично необичен инцидент со вандали. Нивниот луксузен дом во Лос Анџелес бил оштетен од човек, кој подоцна ѝ се претставил на полицијата како син на Софија.

Полицијата сè уште не го објавила идентитетот на вандалот што го фатиле набргу откако тој предизвикал штета на фасадата на актерската двојка, која се проценува на 100.000 американски долари, пренесува американскиот ТМЗ.

Тој не се спротивстави на апсењето и се обиде да се оправда пред полицијата тврдејќи дека тој е син на Софија, кој сака некако да стапи во контакт со неговата мајка. Овој бизарен случај е надополнет со натписи напишани на луксузна вила, а кои нејзиниот „несуден син“ со спрееви и боја ги напишал неговите профили на социјалните мрежи, за Вергара да може да го контактира.

Човекот бил приведен, но во овој момент не е целосно јасно за што ќе го обвинат. Вергара и Манганиело не биле во куќата за време на инцидентот, а нивниот луксузен дом се реновирал во летните месеци, па вандалот ја искористил можноста да направи „графити“. Софија од првиот брак го има синот Манола (29).

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com