Home » УНИЦЕФ предупредува на рекордно висок број на деца бегалци ширум светот

УНИЦЕФ предупредува на рекордно висок број на деца бегалци ширум светот

by Журнал.мк

Според УНИЦЕФ, околу 36,5 милиони деца биле принудени да ги напуштат своите домови, а речиси 22,8 милиони се раселени како резултат на конфликти и насилство. Бројките претставуваат зголемување на бројот на деца бегалци во светот за 2,2 милиони од 2020 година.

Рекордот е директен резултат на конфликти како оние во Авганистан и Јемен, соопшти УНИЦЕФ, додавајќи дека уште 7,3 милиони деца останале без покрив над главата во 2021 година како резултат на природни катастрофи. УНИЦЕФ ги повика владите ширум светот да ја засилат заштитата на бегалците, мигрантите и децата.

Бидејќи податоците се од крајот на 2021 година, тие не ги вклучуваат украинските деца кои останаа без покрив над главата или беа принудени да избегаат од руската инвазија, која создаде уште 2 милиони деца бегалци од февруари и остави уште 3 милиони раселени.

Освен тоа, децата и нивните семејства се раселени поради екстремни временски настани, како што се сушата во Рогот на Африка и тешките поплави во Индија, Бангладеш и Јужна Африка.

Повеќе од една третина од раселените деца живеат во субсахарска Африка (3,9 милиони или 36 отсто), четвртина во Европа и Централна Азија (2,6 милиони или 25 отсто) и 13 отсто (1,4 милиони) на Блискиот Исток и Северна Африка.

Околу две третини од сите деца бегалци се запишани во основно училиште, додека само околу една третина од адолесцентите бегалци добиваат образование, се вели во соопштението.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk