9.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

УНИЦЕФ и УСАИД донираат мобилни станици за миење раце во 15 училишта

Најчитани вести

Во пресрет на отворањето на училиштата и подготовките за организирање на наставата со физичко присуство на учениците, претставниците на УНИЦЕФ и УСАИД во земјава, Патриција Ди Џовани и Ерик Јановски, денеска ќе го посетат ОУ „Климент Охридски” во Драчево – едно од петнаесетте училишта кои добија мобилни станици за миење раце заради подобрување на капацитетите за вода, санитација и хигиена.

Најавено е присуство и на министерката за образование и наука Мила Царовска, градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, и претставник на Македонски центар за граѓанско образование – партнер во проектот.

–Мобилните станици за миење раце имаат канистери за вода, сапун и крпи за раце. УНИЦЕФ донираше педесет и две станици на 15 училишта, со финансиска помош од УСАИД. Училиштата ги посочија Институтот за јавно здравје и Државниот просветен инспекторат како критични според капацитетите за вода, санитација и хигиена, информира Канцеларијата на УНИЦЕФ.

Училиштата се избрани врз основа на наодите од алатката за самопроценка изработена од Институтот за јавно здравје и Државниот просветен инспекторат, со поддршка на УНИЦЕФ.

-Оваа алатка ги интегрира напорите за проценка меѓу ИЈЗ и Државниот просветен инспекторат, а ги вклучува препорачаните прашања на СЗО за проценка на капацитетот за вода и санитарно-хигиенски услови. Алатката е достапна за самопроценка на сите училишта, како и на центрите за јавно здравје и просветните инспектори. Покрај тоа, раководството и техничката служба во училиштата добија детална обука за вода, санитарно-хигиенски капацитети и одржување, наведува Канцеларијата на УНИЦЕФ во земјава.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com