Home » Универзитетот Скопје со награди за најдобрите од Државниот натпревар по географија за учениците од основните училишта!

Универзитетот Скопје со награди за најдобрите од Државниот натпревар по географија за учениците од основните училишта!

by Журнал.мк

Универзитетот Скопје обезбеди награди за најдобрите ученици што ги освоија првото, второто и третото место на Државниот натпревар по географија за ученици од основните училишта. Објавени се официјалните ранг-листи од натпреварот што се одржа во изминатата сабота, на 13.05.2023 година, во просториите на Универзитетот, а во организација на Здружението на професори по географија на Македонија „Проф. д-р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје.

На државниот натпревар учествуваа над 140 ученици од целата држава што освоиле прво, второ и трето место, како и сите натпреварувачи кои имаа освоено над 85 бода на регионалните натпревари по географија во организација на Здружението од пред неколку седмици. Неофицијалните резултати организаторот ги објави уште во саботата веднаш по завршувањето на натпреварот, а по разгледувањето на приговорите, официјалните ранг-листи беа објавени денеска на страница на Здружението на https://www.geograf.mk/novosti.

Универзитетот Скопје, како општествено одговорна високообразовна институција е долгогодишен поддржувач на натпреварите по географија за основните училишта во државата, обезбедувајќи целокупна логистичка поддршка за нивното одржување, како и награди за најдобрите. На овој начин покажуваме дека се грижи за младите и за нивното образование како влог во подобра иднина и посреќни генерации во татковината!

Здружението на професори по географија на Македонија (ЗПГМ) е формирано во 2014 година на иницијатива на група професори по географија од Македонија. Подоцна, на 21 март 2015 година, врз основа на иницијатива на група членови на здружението, истото е преименувано во Здружение на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“– Скопје.

Измената е направена со образложение дека Проф. Д-р Љубе Миленковски, во својот животен и работен век дал огромен придонес за развој на географијата, пред се како професор, методичар и учебникар, развивајќи ја во исто време и географската научна мисла. Неговиот придонес во науката и учебникарството се од особена важност за развојот на географијата како предмет во наставните планови и програми.

Тој целиот свој живот го посветил на образованието за кое велел дека е занает кој постојано треба да се учи, бил и остана еден од најголемите учебникари во Македонија.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk