29.8 C
Skopje
Friday, July 23, 2021

Универзитетот во Виена му забрани пристап на вооружен студент

Најчитани вести

Универзитетот во Виена му забрани пристап на студент што доаѓал вооружен на предавања.

Откако минатата недела бил исфрлен од амфитеатарот поради носење пиштол, студентот бил претресен во понеделникот и му бил пронајден нож, според универзитетот.

Според извештаите во медиумите, тој дошол во амфитеатарот со пиштол, а неговите колеги забележале дека тој дури и го држел оружјето во рацете за време на предавањето.

Покрај тоа, објавено е дека во минатото студентот на социјалните медиуми бил забележан со антиисламските насилни фантазии.

Откако кај него најдоа вторпат оружје, Универзитетот му забрани пристап до нивните простории.

Според неделникот „Профил“, студентот посакувал смрт во борбата против исламот.

На „Твитер“ тој меѓу другото напишал дека страда од несоница и затоа постојано зема лекови.

Студентот преку чет се правдал дека носи оружје.

„Јас носам пиштол од безбедносни причини. Бидејќи многу патувам до факултетот, минувам низ несигурни места“, напишал тој.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести