12.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Унгарија непоколебливо ја поддржува Албанија за членство во ЕУ

Најчитани вести

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, на заедничката прес-конференција со албанскиот колега Еди Рама, порача дека Унгарија силно и непоколебливо го поддржува членството на Албанија во големото европско семејство.

Орбан порача дека членство ан Албанија во Еу е во интерес на сите страни.

Сакам да ве запознам со премиерот на Албанија, кој е голем пријател на Унгарија. Тој победи на изборите три пати по ред, ова е голема работа, во земја како што е Албанија со жива демократија, во која се води голема политичка војна. Прашањата за кои разговаравме е политичката соработка меѓу двете земји, се приближуваме до 100-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји, сакаме тоа убаво да го прославиме – изјави Орбан.

Тој додаде дека нема големи разлики меѓу двете земји и оти најважно е членството на Албанија во ЕУ.

Унгарија е поддржувач и максимално е ангажирана на тоа Албанија да стане дел од ЕУ, ова не само што ја промовира нашата симпатија, туку и нашиот интерес. Без воспоставување членство за овој дел од Европа, нема стабилност. Би сакал уште еднаш да истакнам дека Унгарија е целосно посветена Албанија да добие членство во ЕУ – посочил Орбан.

Рама, пак, откако оцени дека за Албанија, Унгарија е земја со многу знаење, побара билатералната соработка освен во економијата, да се прошири и во културата и образованието.

Чест ми е да бидам пријател на премиерот и што имав можност да размениме мислења со него на темите кои ги спомна, но прво да побараме поддршка и помош на патот на развојот, модернизацијата и интеграцијата.Со нетрпение очекуваме проширување на соработката во повеќе области – изјави Рама.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com