17.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Умрените по 1 април ќе влезат како живи во пописот

Најчитани вести

Полноќ помеѓу 31 март и 1 април е критичниот момент за претстојниот попис, а тоа значи дека починатите граѓани и родените бебиња по овој критичен момент нема да влезат во статистиката. Ова за Плусинфо го изјави директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, додавајќи дека семејствата или блиските роднини ќе треба да дадат информации за починатиот член доколку тој починал по критичниот момент, но пред да пристигнат попишувачите во нивниот дом.

– Ние имаме критичен момент и ја гледаме состојбата заклучно со тој датум. Ако лицето било живо до тој момент, но починало пред да пристигнат попишувачите, тогаш тоа лице ќе се брои и ние ќе земеме податоци за тој човек. Од друга страна, ако се роди дете по критичниот момент, тогаш тоа бебе нема да влезе во статистиката. Тоа се прави за да се утврди точната состојба до одреден датум. Тој момент е полноќ помеѓу 31 март и 1 април, па сите податоци се собираат само до тој ден. Кога ќе ве прашаме дали во текот на изминатата недела сте работеле за дополнителен хонорар, тогаш ние мислиме за последната недела од март, иако попишувачите можат да пристигнат во домот на 15 април, на пример – објаснува Симовски.

Тој вели дека течат подготовките за спроведување на пописот и засега не се забележани некакви проблеми.

– Се наоѓаме во последната минута од натпреварот. Подготовките течат и од 1 март започнува самопопишувањето, како и попишувањето на лицата во Армијата и во дипломатско-конзуларните претставништва. Обуките на попишувачите почнуваат од 15 март – вели Симовски.

На прашањето дали попишаните граѓани ќе можат да добијат фотокопија или да ја фотографираат пописната листа откако ќе ги одговорат сите прашања, Симовски посочува дека такво нешто е забрането.

– Фотографирањето на пописната листа никогаш не било дозволено и не смее да се случи. Тоа се лични податоци и таква работа не треба да се прави, оти после може да се прават многу манипулации. Такво нешто нема ниту во Бугарија, ниту во Америка, ниту во која било друга земја во светот – истакна Симовски.

Културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола деновиве побара да им се доделува бугарско државјанство по скратена постапка за сите граѓани на Македонија, кои со фотокопија од пополнетиот формулар на пописот ќе докажат дека се регистрирале како македонски Бугари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести