17 C
Skopje
Thursday, March 4, 2021

Ума Турман на настан се појавила со својата ќерка Маја – неверојатно е колку личат

Најчитани вести

Двете биле во елегантно издание, а сличноста меѓу актерката и нејзината ќерка е неверојатна.

Ќерката на славната актерка Ума Турман и актерот Итан Хоук, Маја Хоук, денес има 21 година и се повеќе личи на својата мајка. 

Иако Ума последните години ретко се појавува на црвениот тепих, на “Guggenheim International Gala” вечерата, која во Њујорк била организирана од модната куќа “Dior”, се појавила со својата ќерка, која веќе сега е вистинска девојка.

Двете биле во креација на “Dior”. Ума носела црна струкирана тоалета со балон ракави, додека Маја исто така носела црн фустан со цветен дезен и мрежасти ракави.

Сличноста меѓу мајката и ќерката е неверојатна, па двете во ова елегантно издание го украле целото внимание на вечерата.

Потсетуваме, Маја е ќерка на Ума Турман и Итан Хоук, кои се развеле во 2005-та година, а го имаат и синот Левон. Се занимава со глума, што значи дека талентот го наследила од мама и тато и тргнала по нивните стапки.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести