37.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Улицата „Лазо Трповски“ во Бутел во следните три дена затворена за сообраќај

Најчитани вести

Поради изведување градежни работи, улицата „Лазо Трповски“ во Општината Бутел ќе биде затворена за сообраќај од утре до среда, на потегот од кривината со улицата „Боца Иванова“ до влезот на гробиштата „Бутел“, соопшти Град Скопје.

За влез во гробиштата „Бутел“ ќе може да се користи улицата „Александар Урдаревски“.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести