Втората рунда од мировните преговори мегу украинската и руската делегација што се одржа во близина на градот Брест во Белорусија, на границата со Полска, која започна со ракување на двете делеации, не заврши позитивно за украинската страна, но најавена е и трета рунда на мировниот дијалог.
Украина не ги добила резултатите на кои сметале, изјави Подољак, советник на шефот на кабинетот на Зеленски.
Двете страни се договориле за голем број хуманитарни прашања, вклучувајќи ја и можноста за привремен прекин на огнот за организирање хуманитарни коридори, односно за заедничка безбедност на хуманитарните коридори за евакуација на цивилите.