Home » Украинците во земјава на протест пред руската амбасада во Скопје

Украинците во земјава на протест пред руската амбасада во Скопје

by Журнал.мк

Здружението на Украинци во Северна Македонија „Лесја Украинка“ денеска во Скопје одржа протест против руската воена агресија врз Украина.

Протестот започна околу детското игралиште зад Универзалната сала и заврши пред Амбасадата на Руската Федерација.

Како што посочија од Здружението, протестот се организира за да потсетат на злосторствата извршени врз Украина и на одземените невини животи, вклучително и на децата.

„Сакаме да потсетиме што им прави Руската Федерација на украинските деца. Војната во Украина трае веќе 109 дена, загинати се над 260 деца и таа бројката секој ден се менува. И сега, додека зборуваме, гинат деца. Околу 500 деца се повредени, меѓутоа и бројката не е конечна, не се знае колку деца се под урнатини и во масовни гробници“,

велат од Здружението.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More