17.8 C
Skopje
Saturday, July 31, 2021

Украински пратеник: Да се насочат ракети кон руските нуклеарни централи

Најчитани вести

Пратеникот на Врховната рада на Украина Роман Костенко предложи украинските ракети да се насочат кон руските нуклеарни централи.

Костенко потсети дека Русија има една од најмоќните армии во светот и најголем нуклеарен потенцијал. Според него, Украина треба да тоа некако да се спротивстави.

„Сега ни се потребни ракети со дострел од најмалку илјада километри кои би требало да бидат во наша служба и превентивно да ѝ се закануваат на Москва“, кажа пратеникот.

Украинскиот парламентарец предложи Киев да го впери ова оружје во нуклеарните централи во Русија. Тој смета дека тоа ќе овозможи „рамноправно водење на дипломатијата“ со соседната држава.

„Москва треба да биде свесна дека нивните нуклеарни централни, каква што имавме ние во Чернобил, ќе бидат мета и дека нашите ракети едноставно ќе долетаат таму“, изјави политичарот.

Украинските државници и експерти редовно даваат воинствени антируски изјави.

Така политикологот Зиновиј Свереда предложи да се заземе Крим, „да ѝ се приреди Перл Харбор на руската флота“ и да се минира Керченскиот мост.

Поранешниот пратеник на Врховната рада Андреј Билецки посака, пак, Кубањ и Кавказ да се „вратат со сила“.

Сепак, во руската Државна дума овие изјави ги сметаат за празни зборови.

Заменик претседавачот на одборот за одбрана на рускиот парламент Александар Шерин процени дека ваквата воинствена реторика на политичарите од Киев е обид да се игра на чувствата на народот и да се одвлече вниманието од внатрешните проблеми на Украина.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести