16.8 C
Skopje
Sunday, October 2, 2022

Украинските борци во „Азовстал“ одбиваат да се предадат, надевајќи се на чудо

Најчитани вести

Украинските борци кои се спротивставуваат на руските сили во тунелите под челичарницата „Азовстал“ во Мариупол, одбиваат да се предадат и покрај жестоките руски напади, пишува „Скај њуз“, додавајќи дека борбите во последното упориште на украинските бранители во разурнатиот град се интензивираат.

– Нема да се предадат. Се надеваат на чудо – изјави телефонски за „Скај њуз“ Катарина Прокопенко, сопруга на командантот на полкот Азов Денис Прокопенко, кој е сместен во Азовстал. Таа вели дека разговарала со него на телефон.

Таа рече дека нејзиниот сопруг и рекол дека ќе ја сака засекогаш.

– Полудувам. Тој звучеше како да се збогува со мене – рече Прокопенко.

Се верува дека во тунелите под Азовстал се уште има околу 2.000 украински борци.

Нов конвој на ОН се очекува денеска да ги евакуира последните цивили од фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол, последното упориште на украинскиот отпор во стратешки важното пристаниште, без гаранција за прекин на борба.

Помошникот на генералниот секретар на Обединетите нации за хуманитарни прашања, Мартин Грифитс, синоќа соопшти дека нов конвој се движи кон градот, кој стана симбол на руската инвазија која започна на 24 февруари.

– Конвојот е на пат кон „Азовстал“ каде што ќе пристигне утре наутро, надевајќи се дека ќе ги собере последните цивили од тој пекол во кој живееја толку многу недели и месеци и ќе ги донесе на безбедно – рече Грифитс вчера во Варшава.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст потврди дека е дел од операцијата.

Речиси 500 луѓе се евакуирани од Заедничката операција на ОН и Црвениот крст од Азовстал, Мариупол и околните области, објави на Твитер генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Евакуацијата ја извршија два хуманитарни конвои. Се надевам дека континуираната координација со Москва и Киев ќе овозможи уште повеќе хуманитарни прекини на огнот за да се овозможи безбедно минување на цивилите – рече Гутереш.

Сѐ уште се контрадикторни информациите за состојбата во челичарницата во Мариупол каде што има и цивили.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски синоќа во видео-порака рече дека руските сили продолжуваат да ја напаѓаат фабриката и покрај ветувањето на Русија за тридневен прекин на огнот што требаше да започне вчера наутро.

Руското бомбардирање продолжува и „цивилите, жените, децата сè уште треба да бидат евакуирани“, истакна Зеленски во пораката објавена на неговиот фејсбук-профил.

– Замислете го тој пекол! Таму има деца! „Повеќе од два месеца континуирано бомбардирање, смртта е постојано близу – додаде украинскиот лидер.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера вечерта потврди дека „руската армија се уште е подготвена да обезбеди евакуација на цивилите“ од „Азовстал“, кои би можеле да бидат уште двеста, заробени во комплекс заедно со украински борци.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека руската армија го почитува прекинот на огнот околу фабриката и оти „функционираат“ хуманитарните коридори околу „Азовстал“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com