Украинскиот претседател Владимир Зеленски донесе одлука да замени 12 амбасадори, меѓу кои и амбасадорката во Соединетите Американски Држави, Валерија Цели.
„Зеленски го започна процесот на реконструкција на украинскиот дипломатски кор. Одлуките за заменување на 12 амбасадори во светот веќе се донесени”, соопшти администрацијата на претседателот.
Како што додаваат, наскоро ќе ѝ истече мандатот на сегашната амбасадорка во САД, според ТАСС.
Предлозите за нови амбасадори се разгледуваат, а нивните имиња се финализираат, се вели во соопштението, во кое се додава дека Зеленски наскоро ќе донесе декрет за таа пригода