Home » Украина: Убиен е важен руски генерал во битките кај Харков

Украина: Убиен е важен руски генерал во битките кај Харков

by Журнал.мк

Главната управа за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина соопшти дека во Харков е убиен генерал-мајор на руската армија.

„Уште еден пораз меѓу врвниот тим на армијата на окупаторската земја. За време на битките кај Харков, елиминиран е Виталиј Герасимов – руски воен командант, генерал-мајор, началник на Генералштабот и прв заменик командант на 41-та армија на Централниот воен округ на Русија. Убиени се и ранети неколку високи офицери на руската армија“,

соопшти Управата.
Виталиј Герасимов учествувал во Втората чеченска војна и руската воена операција во Сирија. Добил и медал „за враќање на Крим“, соопшти Главната управа за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk