Home » Украина: Спасивме 324 граѓани при размена на затвореници со Русија

Украина: Спасивме 324 граѓани при размена на затвореници со Русија

by Журнал.мк

– Во деветте размени на затвореници со Русија, 324 Украинци се спасени од почетокот на војната во февруари, соопшти Службата за безбедност на Украина.

„Сето ова е постигнато како резултат на систематската и сеопфатна работа на Заедничкиот центар за претреси и ослободување на затвореници, што работи под покровителство на врховниот командант на вооружените сили на Украина – претседателот Володимир Зеленски“, се наведува во соопштението.

Од Службата за безбедност информираа и за специјална телефонска линија за информации, наменета за пријавување незаконско лишување од слобода или заробување на нивни граѓани. Мотото на службата е „Да ги вратиме Украинците дома!“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More