Руски авиони бомбардираа институт во украинскиот град Харков во кој се наоѓа експериментален нуклеарен реактор, а избувна пожар во блискиот хостел, изјави во четвртокот висок украински функционер.
Советникот на министерот за внатрешни работи Антон Герашченко во изјава на Интернет напиша дека Институтот за физика и технологија има „извори на зрачење кои се користат за научни цели“.
Новинската агенција Интерфакс Украина јави дека пожарникарите го гаснат пожарот што избувна во петкатницата во која се наоѓа хостелот.
На официјалната страница на украинскиот парламент претходно беше објавено дека борбите во близина на институтот продолжуваат.
Руските сили ја зазедоа нуклеарната централа Запорожје минатата недела.