Украинскиот министер за надворешни работи уверува дека неговата земја нема да ги користи западните борбени авиони за напад на територии во Русија. Зборувајќи за Скај њуз во ОН во Њујорк, Дмитро Кулеба рече дека на Украина ѝ се потребни борбени авиони за да стави крај на војната и да ја потисне Русија надвор од своите источни граници.
„Го користиме оружјето што го добиваме од нашите партнери за да ја нападнеме Русија на окупираните територии на Украина“, рече Кулеба.
На прашањето дали може да гарантира дека Украина нема да ги користи западните авиони и другото оружје за бомбардирање во самата Русија, министерот за надворешни работи рече: „Можеме да гарантираме дека ќе го користиме западното оружје за ослободување на украинските територии“.
Западните земји сè уште се воздржуваат од испраќање борбени авиони во Украина, и покрај нивната јасна предност што би ја донеле во војната, поради постојаните стравувања дека тоа ќе поттикне ширење на конфликтот надвор од границите на Украина.