Вооружените сили на Украина ја презедоа одговорноста за ракетните напади на мостовите меѓу Крим и регионот Керсон. Руските власти објавија дека украински беспилотни летала биле соборени над Москва и пограничниот регион Брајанск. Украинскиот претседател оцени дека идниот воздушен штит на Украина ќе стане база на воздушниот штит во Европа.
„Ќе дадеме се од себе да го зајакнеме украинскиот небесен штит. Одговорноста на секој партнер во снабдувањето со системи за противвоздушна одбрана и ракети е многу важна. Тука е потребна целосна заштита од теророт, за подоцна да нема потреба да се размислува за заштита на другите народи од него. Украина може да ја добие оваа битка, а нашиот небесен штит на крајот ќе гарантира безбедност за цела Европа“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Меѓународниот самит во Саудиска Арабија заврши без конкретни решенија, со ветување за продолжување на преговорите. Во меѓувреме, протест во Њујорк против продолжувањето на воената и финансиска поддршка на Киев.