Home » Украина побара од Анкара да ги затвори Босфорот и Дарданелите за руските бродови

Украина побара од Анкара да ги затвори Босфорот и Дарданелите за руските бродови

by Журнал.мк

Украина побара од Анкара да го ограничи минувањето на руските воени бродови низ Босфорот и Дарданелите.

„Ги повикуваме турските власти да и помогнат на Украина. Бараме Босфорот и Дарданелите да бидат затворени за руските воени бродови“, изјави украинскиот амбасадор во Анкара Вадили Боднар, пренесува ТАСС.

Украинскиот парламент, Врховната рада, денеска го потврди указот на претседателот Володимир Зеленски за воведување воена состојба на територијата на целата земја, јавија украинските медиуми.

Зеленски утринава објави дека прогласува воена состојба, откако рускиот претседател Владимир Путин нареди специјална воена операција во Донбас во источна Украина.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More