Home » Украина: Го уништивме Саратов, голем брод со 20 тенкови и 400 војници

Украина: Го уништивме Саратов, голем брод со 20 тенкови и 400 војници

by Журнал.мк

Украинските сили објавија дека рускиот десантен брод, што го уништија во напад во текот на вчерашниот ден, бил бродот Саратов, а не Орск, како што беше претходно информирано.

– Според ажурираните информации, големиот десантен брод Саратов е уништен за време на нападот на окупираното пристаниште Бердјанск. Оштетени се големите десантни бродови Цезар Куников и Новочеркаск – се наведува во извештајот на украинскиот Генералштаб на вооружените сили.

– На Саратов уништени се 20 тенкови, 45 оклопни транспортери и 400 луѓе – појасни Антун Герашченко.

Рускиот брод носеше оружје и резерви за силите што се борат во Мариупол. Медиумите потсетуваат дека беа објавени драматични фотографии од оган и црн дим, откако украинските балистички ракети го погодија бродот, што пристигна на пристаништето на Азовското Море.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk