Тетовската полиција од вчера работи на откривање на сторители на кражба на еден милион и триста илјади денари кои се одземени насилно од банкомат на ТТК Банка во Тетово.
Вчера во 5 часот во свр тетово пријавена е кражба во банкарска филијала на улица „Борис Кидрич“ во Тетово.
– Насилно била отворена влезната врата од објектот и од банкоматот биле одземени четири каси со пари. Увид извршила екипа од секторот за внатрешни работи тетово. Се расчистува случајот, информираат од свр тетово. За настанот соопштение до јавноста испрати и ттк банка од каде потенцираат дека целиот имот и средства на банката се претходно осигурени во функција на елиминирање на ризиците од ваков вид настани.