10 C
Skopje
Thursday, February 25, 2021

Укината забраната за камиони на патот Маврово – Дебар

Најчитани вести

Од полноќ е укината забраната за движење на тешки товарни возила на магистралниот пат А2 Гостивар-Стража-Кичево и обратно, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.Забраната за камиони на патниот правец Маврово – Дебар е укината во 6.15 часот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести