Црногорската полиција соопшти дека 47-годишник е уапсен под сомнение дека сексуално злоставувал малолетничка во училиштето на северот од државата каде работи како чувар.
-Припадниците на Регионалниот центар за безбедност „Север“ во соработка со службениците на Секторот за гранична полиција го спречија обидот за бегство на осомничениот (47), го пронајдоа и го приведоа во службените простории, се наведува во соопштението на Полициската управа, пренесува Вијести.
Се додава дека мажот е лишен од слобода по наредба на Вишото државно обвинителство поради сомнение дека сторил кривично дело недозволена полова активност.
Тој е осомничен за сексуална злоупотреба на малолетничка во јуни и септември 2022 година, како и на 19 мај годинава во просториите на училиштето во кое чуварот работел, а девојчето била ученичка.