21 C
Skopje
Friday, May 14, 2021

УЕФА ја враќа публиката за финалето во ЛЕ

Најчитани вести

Европската фудбалска федерација (УЕФА) од вчера почна да продава карти за финалето во Европската лига во Полска.

Финалистите ќе добијат по 2.000 влезници од максималните 9.500 одосно 25% од капацитетот на стадионот Арена Гдањск. Засега останува непознато дали навивачите ќе можат да влезат во Полска и на кој начин ќе можат да го сторат тоа.

„Навивачите од надвор ќе мора да го почитуваат ограничувањето и сите барања за време на финалето, бидејќи ниту за сопствениците на билетите нема да има исклучоци“, сопшти УЕФА.

УЕФА вкупно подели 3.500 билети на локалните организатори, спонзорите…

„Ќе ја надоместиме цената на картите доколку локалните власти го намалат капацитетот на стадионот“, стои во известувањето на УЕФа.

Финалето во ЛЕ се игра на 26. мај. И претходно УЕФА дозволуваше продажба на карти во двете натпреварувања, но конечната одлука сепак ја имаа локалните власти.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести