вропската куќа на фудбалот (УЕФА) суспендираше 11 клубови од европските натпреварувања поради непочитување на финансиските прописи.
Клубовите се казнети поради доцнење со исплатите повеќе од 90 дена.
Суспендирани се Клуж (Романија), Олимпија (Словенија), Риека (Хрватска), Осиек (Хрватска), Борац Бањалука (Босна и Херцеговина), Астана (Казахстан), Кизил (Казахстан), Валмиера (Литванија), Коњаспор (Турција), Арис (Грција) и Флориана (Малта).
Клуж и Осиек добија условна суспензија на две години, а Арис, Астана, Олимпија и Риека се казнети со една година.
Одлуката може да се смени доколку ги исполнуваат условите за натпреварувачките сезони 2023/2024 и 2024/2025.