1 C
Skopje
Friday, February 26, 2021

УЕФА размислува да воведе рагби правило на ЕП 2020

Најчитани вести

Речиси пред секој голем фудбалски настан, Европската и Светската фудбалска куќа (УЕФА и ФИФА) размислуваат за воведување на некоја новост во правилата на оваа игра.

Ако пред две години во Русија, за првпат беше претставена ВАР-технологијата, за следниот голем настан, чиј организатор е УЕФА (ЕУРО 2020) се предвидува дека ќе биде воведено рагби правило.

Имено, како што пишуваат британските медиуми, УЕФА ја разгледува опцијата за привремена измена. Тоа значи доколку некој фудбалер добие удар во главата, ќе може да биде заменет со некој од клупата, а доколку по дадената лекарска помош е во можност да го продолжи натпреварот, ќе има право да се врати во игра.

Ова правило веќе долги години се применува во рагбито, каде играчите се подлежни на тешки удари по главата.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести