15.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

УЕФА: Кратенката МКД е во согласност со Преспанскиот договор

Најчитани вести

УЕФА контра Грција.. Кратенката МКД е во согласност со Преспанскиот договор.. Со тоа, европската куќа на фудбалот ја одби жалбата на грчкиот министер за спорт, кој реагираше дека акронимот МКД е во спротивност со договорот..

Со образложение дека кратенката МКД е во согласност со Договорот од Преспа, УЕФА ја одби жалбата на гркиот министер за спорт Лефтерис Авгенакис, кој пред почетокот на Евроспкото првенство во фудбал испрати протестно писмо за логото на ФФМ, кое стои и на дресот на нашите фудбалери, но и за кодот МКД.. Од европската куќа на фудбалот исто така потенцираа дека во службената комуникација го користат терминот „Фудбалска федерација на Cеверна Македонија“ и додаваат дека нема да дозволи европскиот фудбал да стане платформа за пренесување на политички пораки.

Дека ФФМ нема обврска да го менува логото, се согласува и поранешниот грчки прмеиер Ципрас.. Според него, да не бил Преспанскиот договор, освен македонските, сите коментатори на првенство ќе го користеле името Македонија..

„Ако не постоеше Договорот од Преспа, сите земји во светот и коментаторите на телевизиските мрежи ќе кажеа дека Македонија игра, сега тие велат дека игра Северна Македонија. И ова е напишано насекаде. Ова е победа. Од таму се дискутира за амблемот на ФФМ. Фудбалската федерација во Северна Македонија е приватно тело. Сепак, како стопанската комора, тоа би можело да го смени своето име, ако грчката влада притиснеше на време врз основа на добра волја и договор што ги поставува принципите“.

Коментирајќи ги реакциите на Грција, министерот за правда Бојан Маричиќ синоќа во емисијата „Само вистина”, потенцираше дека имаме недосвосмислено право да ги користиме кодовите МКД и МК, а и тој како и МНР смета дека ФФМ нема обврска да се преименува..

Во однос на ФФМ ситуацијата е јасна, таа е формирана како здружение на граѓани. Нема можност државата да наметне и треба да се следат меѓународните стандарди.

Во однос на кодовите, нашето име е Република Северна Македонија, но недвосмислено е нашето право да ги користиме кодовите МКД и МК. Ако не било тоа наше право, сигурно УЕФА немало да ни дозволи да го користиме тој код.

УЕФА расчисти со поплаките на Грција, но допрва ќе одлучува за поплаката на ФФМ за недоличното однесување на австрискиот репрезентативец Арнаутовиќ, кој со грст навреди и пцовски му се обрати на македонскиот реперезентатице Алиоски..

УЕФА првично сметала дека нема основ за истрга, но попладнево соопштија дека сепак е иемнуван инспектор кој ќе го анлизира случајот..

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести