8 C
Skopje
Sunday, May 16, 2021

УЕФА им нареди на клубовите – како знаете да ги одиграте мечевите во Европа!

Најчитани вести

Пандемијата со коронавирус повторно прави сериозни проблеми, па поради рестрикциите во патувањата, два меча засега се неизвесни каде ќе се играат, Бенфика – Арсенал од Лига Европа и Ред Бул Лајпциг – Ливерпул во Лигата на шампионите, но УЕФА нема намера премногу да им излегува во пресрет и да прави нови претумбации во календарот.

Двата меча се неизвесни поради рестрикциите во патувањата, па Арсенал има проблем да оди во Португалија, додека Ливерпул не ни може да допатува во Лајпциг зашто сите летови од Велика Британија се откажани, па засега нејасно е каде и како ќе се играат мечевите. Бенфика не сака да прифати неутрален терен, Ливерпул, пак, не сака да го замени домаќинството, за да не ја загуби предноста на домашен терен за реваншот.

И во целиот тој хаос, УЕФА на клубовите во ЛШ им дала рок до 2 април како знаат и умеат да ги одиграат мечевите, додека за тие во Лига Европа до 5 март. Што би значело, ако успеат да ги вметнат во календарот, а да не играат според првобитниот термин, може да ги поместат. Ова УЕФА им го посочила како краен рок, зашто четвртфиналињата за ЛШ се планирани за 6 и 7 април, додека во март треба да се игра осминафиналето во Лига Европа.

Но, проблематично е што дел од „продолжениот термин“ за одигрување, ако згусти ситуацијата, е што од 22 март до 31 март на програмата се мундијалските квалификации и репрезентациите ќе се вратат во погон. Тоа уште дополнително ја усложнува целокупната хаотична ситуација.

Клубовите мора да изнајдат решение, со замена на домаќинства или неутрален терен и за тоа најдоцна до понеделник во тековната недела да ја известат УЕФА за промените. Практично веќе идната недела би требало да се знае за двата засега спорни мечеви, ако до тогаш не се појави проблем и со уште некој, околу одигрувањето на мечевите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести