15.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

УЕФА го укина ограничувањето на бројот на гледачи за ЕП, сега се зависи од државите

Најчитани вести

Извршниот комитет на УЕФА денес на состанокот едногласно донесе одлука дека на натпреварите на престојниот континентален шампионат и баражот од Лигата на нациите, секоја екипа ќе може да изврши максимално пет замени, со оглед на тоа дека истото правило важни во текот на квалификациите за СП во Катар кои почнаа овој месец.

Раководниот одбор на УЕФА соопшти дека одлуката од 1. октомври 2020 година со која може да се вратат гледачи максимално до 30 проценти од капацитетот на стадионот повеќе не е неопходна, со оглед на тоа дека секоја од 55-те членки на УЕФА се соочува со различна здравствена ситуација во сузбивањето на пандемијата. Одлуката за максималниот број на гледачи отсега ќе биде во надлежност исклучиво на локалните, односно националните власти.

Со оглед на актуелните ограничувања за патувања, во цел минимизирање на ризикот од коронавирусот, Извршниот комитет ја потврди одлуката од 1. октомври 2020 година со која на гостинските навивачи и понатаму не им е дозволено да присуствуваат на натпреварите во организација на УЕФА. Оваа одлука ќе важи до пред финалето од Лигата на шампионите, кога повторно ќе биде разгледувана.

Исто така, по откажувањето на ЕП за играчи до 19 години, кое воедно беше квалификационо за СП 2022, одлучено е на основа на коефициентите во квалификациите за ЕП, во Костарика да заминат репрезентациите на Шпанија, Франција, Германија и Холандија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести