12 C
Skopje
Saturday, February 27, 2021

УЕФА го смести Елмас помеѓу 50-те таленти во Европа на кои треба да се внимава во новата сезона

Најчитани вести

По рекордниот трансфер во Наполи, Елиф Елмас доби признание од УЕФА и се најде помеѓу 50-те таленти во Европа кои се очекува да блеснат во новата сезона.

Kонечно признание и од УЕФА за талентот на Елиф Елмас. Македонецот е сместен помеѓу младите ѕвезди на кои треба да се внимава во сезоната 2019/20.

Европската куќа на фудбалот секоја година прави листа од 50 перспективни фудбалери кои треба да блеснат во новата сезона, па по рекордниот трансфер во Наполи, и Елиф Елмас се најде во друштвото на најталентираниот играчи од стариот континент.

„Настапи за репрезентацијата на Македонија со 17 години откако Турција се обиде да ги обезбеди неговите услуги, фудбалерот од средниот ред во јули направи трансфер во Наполи откако импресионираше во Фенербахче“ – стои во краткиот опис на УЕФА за Елиф Елмас.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести