4.8 C
Skopje
Sunday, April 2, 2023

УЕФА го премести финалето на Суперкупот од Русија во Грција

Најчитани вести

Атина на место на рускиот град Казањ ќе биде домаќин на Суперкупот за оваа сезона, одлучи денеска УЕФА на состанокот на Извршниот одбор на Нион на кој воведе и измени во системот на натпреварување во Лигата на нации и во квалификациите за пласман на европските и светските првенства почнувајќи од следниот циклус.

Од следното издание на Лигата на нации во сезоната 2024/25 се воведува четвртфинале за пласман на финалниот турнир, како и плејоф натпревари за промоција и испаѓање во дивизиите А, Б и Ц кои ќе се играат во март на домашен и гостински терен.

Измени се воведени и во форматот на квалификации при што по завршувањето на ЕУРО 2024 за пласман на Мундијалот 2026 ќе се формираат 12 групи со по четири и пет репрезентации.

Финалето на годинешното издание на Суперкупот ќе се одржи на стадионот „Јоргос Караискакис“ во Атина на 16 август.

Најнови вести