Угледен спортски новинар: Тоа што Покетино е слободен воопшто не му помага на Оле, неговата позиција сега…

0

Манчестер Јунајтед вчера доживеа уште еден неуспех откако Астон Вила успеа да извлече реми на „Олд Трафорд“.

„Ѓаволите“ со победа против тимот од Бирмингем ќе дојдеа на „само“ шест бода до ТОП 4, но уште еднаш ја прокоцкаа таа прилика, и втора недела по ред ремизираат со условно кажано послаб противник.

По вчерашниот резултат со коментар на социјалните мрежи се јави познатиот англиски новинар, Кевин Палмер кој истакна дека тоа што Покетино е слободен не му годи на Оле Гунар Солскјер.

– Ако Маурисио Покетино не беше слободен, Оле Гунар Солскјер веројатно ќе беше на побезбедно тло во Манчестер Јунајтед. Проблем за него е што Покетино е слободен, а ние го знаеме Ед Вудвард дека инстантно ги менува одлуките. Одлучувачки натпревар за Оле во среда, напиша Палмер.