-1.2 C
Skopje
Monday, February 6, 2023

Увидот во супервештачењата за „Ласкарци” ќе се одржи на 26 јануари

Најчитани вести

Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска продолжи расправата за случајот „Ласкарци”. На денешното рочиште судот донесе решение, по дадена согласност на сите странки, поради економичност и целисходност на постапка, сите досега изведени докази да се прочитаат и постапката да продолжи со увид во супервештачењата, предвиден за наредното рочиште.

За наредното рочиште, закажано за 26 јануари, е предвидено да се изврши увид во две супервештачења изготвени од два тима на машински и сообраќајни инженери.

На изминатото рочиште пристигна вештиот наод од Бирото за вештачење и истиот им беше доставен на обвинителот и обвинетите преку нивните бранители.

Супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, а Техничкиот факултет во Битола, своевремено, дополнително извести и дека го вратиле предметот бидејќи нивните лиценцирани вештаци за машинство се стручни само за енергетика и не можат да вештачат моторни возила. Од Кривичен, потоа, информираа дека контактирале со Универзитетот во Штип и Машинскиот факултет во Скопје, од каде што биле известени дека тие немаат доволно лиценцирани вешти лица за сообраќајни возила кои не учествувале во претходните вештачења. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење.

Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 година, а во која загинаа 16 лица и над 30 беа тешко повредени, се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс”, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.

Судскиот процес за несреќата што започна во септември 2019 година го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски.

Кај блиските роднини има огромен револт, но и сомнеж за како што велат: „убијците, виновниците на 16 луѓе, да не ги стигне правдата“. Трпески по новото одложено рочиште ги праша правосудните органи: „Колку време треба да помине за да стигне конечно правдата?“.

„По она што можев да го видам она супервештачење, ништо нема да промени од претходните доказни постапки изведени во претходниот период. Тоа покажува колку Бирото за судски вештачења посветило сериозно внимание на ваков предмет. Мојот колега кажа, повеќе од една година го правеа. Тоа супервештачење е изготвено од машинци и сообраќајни инженери. Тоа супервештачење содржи 50-60 страници од кои повеќе се слики. Иако денеска требаше да бидат на лице место луѓето што го супервештачења овој предмет една година, тие не дојдоа. Судот требаше да ги казни овие луѓе кои го прават ова. Кај нас се создава огромен револт и сомнеж дека намерно се одолговлекува за да убијците, виновниците на 16 луѓе, не ги стигне правдата. Ние тоа нема да го дозволиме. Четири години ја чекаме правдата“, вели Благојче Трпески.

Таткото на Јовица Трпевски, кој беше 25 годишен кошаркар од Гостивар, посочи дека правдата ќе ги стигне виновниците.

„Ние изгубивме доверба во судството и институциите кои го водат овој процес. Четири години, сами сте сведоци. На 14 февруари оваа година се прави четири години од несреќата. На 50-60 страни да се прави супервештачење, а тоа да се толерира од судот со изговор дека нема ресурси, а тие кои го побараа… Од претходните институции беше направено професионално вештачење на повеќе од 2000 страници. Ова нема ништо да промени. Ова е купување време на обвинетите, за да избегнат правда. Правдата ќе ги стигне и ќе одат во затвор. Убија 16 невини луѓе, 30 повредени со тешки телесни повреди, некои за количка се врзани. Ова е срамота што се случува. Час поскоро треба пресуда за овој случај“, Благојче Трпески, родител на Јовица Трпевски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести