Home » Ублажете ги симптомите на алергија

Ублажете ги симптомите на алергија

by Журнал.мк

Темературите се зголемуваат, доаѓаат потопли денови. Тоа значи и дека многу луѓе наскоро ќе се борат со алергијата на полен. За среќа, постојат неколку чекори што можете да ги преземете за да ги ублажите симптомите.

Медот се смета за природен лек за поленска треска бидејќи пчелниот полен може да ја намали чувствителноста на други видови полен. Почнете да консумирате мед дневно за значително да ги намалите симптомите на поленска треска.

Поради климатските промени, сезоната на алергии на полен би можела да започне 40 дена порано.

Црвените пиперки содржат капсаицин кој помага во намалување на назалната конгестија. Исто така, треба да почнете да јадете почесто од овој вид пиперка.

Пожелно е да се нанесе тенок слој вазелин под ноздрите бидејќи го спречува поленот да влезе во ноздрите. Безбедно е за употреба, па можете да го нанесувате секој ден пред да излезете од дома. Чистете ги ролетните еднаш месечно за да се ослободите од поленот и прашината што останува на површината. Користете влажна крпа и мала количина детергент. На крајот, повторно избришете ги со сува крпа.

Перете ја постелнината еднаш неделно во топла вода. Доколку носите шминка или крема за сончање задолжително користете мицеларна вода кога ја отстранувате, а потоа гел за чистење на лицето.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk