Home » Убиство во Чаир, застрелан братот на Камбер

Убиство во Чаир, застрелан братот на Камбер

by Журнал.мк

Скопјанецот Јонуз Идризи е убиен, а уште три лица се ранети вечерва во Чаир, дознава 24 Инфо.

Јонуз е најстариот брат на Камер Идризи, кој исто така беше убиен пред една година.

Идризи бил застрелан пред чајџилница на улицата Браќа Реџепагиќ во близина на супермаркетот „Принц“. Не е познато дали тројцата ранети биле во негова придружба или се напаѓачите.

Неговиот брат Камер, кој во Бутел е познат како Камбер беше убиен на 13 мај лани на големиот верски празник Рамазан Бајрам. Мотивите за убиството за сега не се познати. Дали е случајност што и Јонуз е убиен на неколку дена пред Рамазан Бајрам.

Камбер беше застрелан околу 21 часот на паркингот од социјалните згради во близина на крстосницата на булеварите Христијан Тодоровски Карпош и Босна и Херцеговина.

Тогаш настрада и Л.П.(24), кој почина во болница по неколку дена .24 Инфо тогаш пишуваше дека починатиот имал двоен идентитет и дека вечерта бил заведен во полицискиот извештај со лажните документи.

Двајцата биле во „голф 7“ кога дошол црн џип од кој пукале најмалку двајца со „калашникови“ испукале околу 90 куршуми.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More