Home » Убиен претседателски кандидат во Еквадор

Убиен претседателски кандидат во Еквадор

by Журнал.мк

На само една и пол недела пред предвремените претседателски избори во Еквадор убиен претседателскиот кандидат, Фернандо Вилависенсио. Непознати лица пукале врз 59-годишникот кога влегувал во автомобилот по завршениот митинг.

„Требаше да има поголема заштита, блиндиран автомобил. Го видовме пред неколку часа и не можам да верувам дека е мртов. Беше незаштитен“, изјави поддржувач на Фернандо Вилависенсио.

Еден од осомничените е тешко повреден и уапсен, а подоцна се приведени уште шест осомничени лица. Во престрелката се повредени уште девет луѓе, меѓу кои и кандидатка за парламентарните избори и двајца полицајци. Вилависенсио беше еден од 8-те кандидати и борбеник против корупцијата. Поднесе многу судски жалби против високи членови на владата на Кореја, вклучително и против поранешен претседател. До пред убиството добил најмалку три закани. Властите инцидентот го оценија како терористички чин.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More