7.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Убиен полицаец во Велес, осомничена неговата партнерка

Најчитани вести

Полицаец на возраст од 40 години ноќеска бил убиен во семејната куќа во Велес, а осомничена е неговата партнерка.

Според информациите од полицијата, утрово во пет часот приведена е дваесет и тригодишна велешанка под сомнение дека го убила својот невенчан сопруг.

Ноќеска околу 2.20 часот во семејната куќа на улица „Максим Горки во Велес“, младата жена со остар предмет го прободела полицаецот, а лекар од Итна медицинска помош само констатирал смрт.

Извршен е увид на местото на настанот и по целосно документирање на случајот против жената ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com