Маж од Јута кој бил под истрага за наводни закани кон претседателот Џо Бајден и други лица, е убиен за време на рација на федералното истражно биро. Осомничениот Крег Робертсон бил под истрага уште од април. На социјалните мрежи објавувал бројни закани дека ќе ги убие Бајден и потпретседателката Камала Харис, како и други функционери вклучени во гонењето на поранешниот претседател Доналд Трамп.
Последната објава, на само три дена пред посетата на Бајден на Јута, сугерирала дека планира да преземе конкретни чекори кои ФБИ ги оцени како веродостојни. Пукањето се случило во време додека специјалните агенти се обиделе да издадат налог за апсење и претрес.