Двајца германски полицајци убиени се рано утрово во тек на една рутинска контрола во сообраќајот, соопшти полицијата на југозападот на Германија.
Полицијата трага по осомничените кои побегнале од местото на злосторството, се наведува во соопштението од полицијата од покраината Рајна-Палатинат, а пренсе Ројтерс.
Од полицијата наведуваат дека не е јасно во кој правец осомничените побегнале, како и дека нема опис на осомничените ниту возилото кое го користеле во бегството.