Home » Убиениот наркобос Жила година и половина бил во врска со оваа српска ријалити старлета: Ја претепал од љубомора, па го оставила (ФОТО)

Убиениот наркобос Жила година и половина бил во врска со оваа српска ријалити старлета: Ја претепал од љубомора, па го оставила (ФОТО)

by Журнал.мк

Александра Николиќ по се изгледа е излезена од реалното шоу „Задруга“ откако ја слушнала информацијата дека нејзиното поранешно момче Јетон Кривањева познат како Жила е убиен во Скопје.

На социјалните мрежи веднаш започнаа да се шират коментари дека продукцијата веднаш ја извадиле Александра за да и ја соопштат оваа трагична вест.

Крвавото убиство кое се случи во Старата чаршија во Скопје се’ уште ја вознемирува јавноста, а за него се слушна и надвор од нашите граници.

За настанот пишуваат и медиумите надвор од земјава, а еден од убиените го поврзуваат со познатата српска ријалити старлета, Александра Николиќ.

Како што пишуваат српските медиуми, Јетон Кривањева бил во врска со Алекс Николиќ, која пак неговата насилничка природа ја искусила на своја кожа.

„Поради него ја напуштив работата, бидејќи му пречеше тоа што танцував. Ми беше убаво со него година ипол, но го оставив затоа што ме претепа. Тоа го направи затоа што се умисли дека се загледувам во некое момче. Толку ме претепа што имав сериозна повреда на усната“ – изјавила Николиќ, која поради ова ја завршила врската, но тогаш не го спомнала неговото име, туку само кажала дека се работи за момче од Македонија, премолчувајќи дека е од албанска националност и со криминално досие.

Само додала дека Кривањева долго потоа и се заканувал дека ќе објави компромитирачки материјали за неа.

https://www.facebook.com/v2.0/plugins/like.php?action=like&app_id=&channel=https%3A%2F%2Fstaticxx.facebook.com%2Fx%2Fconnect%2Fxd_arbiter%2F%3Fversion%3D46%23cb%3Df39be0c876c3ad8%26domain%3Dskopje24.mk%26is_canvas%3Dfalse%26origin%3Dhttps%253A%252F%252Fskopje24.mk%252Ff379c37d80441c%26relation%3Dparent.parent&color_scheme=light&container_width=500&href=https%3A%2F%2Fskopje24.mk%2Fubieniot-narkobos-zila-godina-i-polovina-bil-vo-vrska%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&share=false&show_faces=false&size=small&width=500

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk